невидлив (прид.) - сила (имн.)

Најпосле некоја невидлива сила го изгонува гневот од Пелагија и таа се наведнува и ги залепува своите усни со усните на Богородица!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Крајезерските врби како да ги благословил господ: растат со корењата згора над земјата, како прсти од раширени педи, како корали разметкани на сите страни, впуштајќи се најмногу кон езерото, пикајќи ги во него ситните главички на своите завршоци и не делејќи се од него како цицалчиња од мајка си; оние коренчиња што се од другата страна и што не достасуваат до езерото, се нуркаат во сувата песок, се извиткуваат како црви, и така во грч умираат и се сушат; покревките при згазнување пукаат, се кршат, а поцврстите се превиткуваат, се опираат, се чипчат, чиниш, некоја невидлива сила им дава моќ и им го крепи животот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од тој простуден ден до крајот на двете третини на патот, близу до Благовештение и на неколку недели пред Курбан Бајрам, искушенијата непрекинато стеснувале околу нив обрачи, и меѓусебно понекогаш да се апат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Мудрецу, невидлива сило, што виде, кажи ни?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Приказната е магнетот, чија невидлива сила врзува за себе ланец прстења - јас сум само еден од нив...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Средбата со плочата беше гласна од невидливата сила на вибрациите што ја ослободуваа талпата од засушениот малтер и ситните коматчиња тула или песок, кои пак, поради тоа, се распрснаа на сите страни пукајќи чиниш се куршуми.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но кога навечер ќе рошнеше со машата во мангалот, пеплосаните жарчиња кратко вивнуваа, небаре некоја невидлива сила ги враќа во живот пред да умрат сосем - е, тоа беше сосема јасен знак како ќе изгледа неговиот крај.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Господи, колку убав ден се осамна, ами не можеше вчера така да нѐ причека? си мисли додека си го шмрка чајот без леб и додека со благ поглед го опфаќа брлогот дробнежот на баба Петра и некоја невидлива сила ја исполнува, ја раширува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Како некоја невидлива сила да им ја испитувала истрајноста, да ги награди со спокојство и негрижи до суден ден доколку дојдат до целта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)