негов (прид.) - мал (прид.)

Се слушна и од неговата мала врата грмење на неговото чифте, кое во стравот и брзината не го зеде со него, а на Мара беше и текнало, та кога ги слушна селските пушки и таа ги испразни двете цевки по ветер.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Купи куќи во Јени маало во Битола и се пресели...
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Гревота е“, си помисли веднаш по тоа и пред погледот му се јави неговата мала сестричка, но таа беше жива, со отворени очи, и таа му се смешкаше, како да му вели: бате, бате.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Неговата мала, валчеста фигура со силно истурениот мев напред постојано се вртеше лево и десно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И мечето молчеше. Неговите мали очиња гледа надолу и како да беа готови да заплачат.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Уште тогаш неговата мала и кревка родна земја, излезена со неизвесна судбина од отоманскиот тунел, пет века трагајќи по излез од него, со сите рани, лузни на преобраќањата, верски и идеолошки, по сите преселби и битки, му се виде и како плен на сталинистичката идеологија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тука беа повторно сеприсутниот Х.Х., неговите видливи и невидливи помошници, големиот пајак со неговите мали придружници.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кети ми раскажа една приказна од Стариот крај, за еден славеј, кој бил многу вљубен во својата сопствена песна, и тој пеел со толку силна желба така што неговото мало срце препукнало од песната.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Како да го заборавам неговото мало муцунче, неговата мека кадифена козина, ишарана со два реда бели дамки, неговите витки ноџиња со жолти копитца на врвот? Како да го заборавам?
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Но тоа е негова мала тајна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Имаше пред себе сѐ, што му беше потребно; имаше едно одлично време, што му носеше многу, премногу вода, а тука беше и таа здивена машинерија, која беше готова да му се потчини и на најмалото движење на неговиот мал прст.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Иако различни, Рашела и татко ѝ во погледот имаа нешто сосем слично, некаков спокој и тажна задлабоченост.  Кога, водејќи ме за рака, Рашела ќе ме однесеше во неговата мала, чиста, но стара и сроната чевларска работилница, откако ќе седневме на двете преостанати столчиња со сламено, плетено седиште, таткото и ќерката долго молчеа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И не беше голем љубопитник. Воопшто не го интересираа културните (ако воопшто можеа да се наречат културни) настани во неговото мало гратче.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
-Еј, човече, полека, не брзај! -Ако тој не ти ја наплати царината, тоа е многу повеќе од неговите мали џепчиња. -Ама џепчиња!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тука, крај реката, се наоѓаше неговата мала адвокатска канцеларија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Огист Дипен во неговата мала затскриена библиотека, или кабинет со книги, au troisieme, No. 33, Rue Dunot, Faubourg St. Germain.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)