неопходен (прид.) - на (предл.)

Римата му е неопходна на Мајаковски за да го назначи ликовното во поезијата?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Па сепак, трудот на експлоатираните народи околу Екваторот не ѝ е неопходен на светската економија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Затоа што, според Енценсбергер, “философските теории делуваат како волшебни сирени, пред чие заводливо пеење писателите би морале да ги затнат ушите за да зачуваат барем минимум од онаа животна наивност која ѝ е толку неопходна на литературата”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ако литературата е жив пергамент кој од секунда во секунда ја бележи хрониката на „светот на животот“, тогаш таа не може да има никаква обврска кон теориските барања.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)