неутрален (прид.) - во (предл.)

И покрај неговите настојувања да остане неутрален во однос на Македонците и Грците и да покаже дека „мисијата е пријателска спрема секој оној кој ги помага сојузниците“ во својот извештај ќе истакне дека “навистина јас ги сакам Словените повеќе отколку Грците.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Виртуелноста е како-божем-вистинитост на синтетичките, по правило машински генерирани светови, таа е детериторијализирана т.е. одвоена од етно-културното или пак неутрална во односот со него.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Зонтаг ја изведува аполитичната природа на кампот од аксиомот дека кампот го нагласува стилот, а ја омаловажува содржината; зборува за кампот како отелотворение на „победата на ‘стилот’ над ‘содржината’“, иако поточно би било да се каже, како што брза Зонтаг, дека кампот внесува „став кој е неутрален во однос на содржината“.207 Во други нејзини сочиненија од истиот период, Зонтаг пизми против оној вид критика што го игнорира или го „тривијализира“ стилот и што за таа сметка му дава предност на „толкувањето“ на „содржината“; таа повикува поимот содржина да се стави каде што му е местото.208 Но, кога сме кај кампот, тоа што машката геј-култура постигнала победа на стилот над содржината, ја вознемирува Зонтаг.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Попрво, таа открива поинаква содржина, алтернативно значење – контратематика – во самиот стил на естетскиот предмет. ‌Посветен на стилот и „неутрален во поглед на [отворената, експлицитна] содржина“, естетизмот на машката геј-култура си го доживува секој предмет што го цени – било да е ламинатно-винилна трпезариска гарнитура од 1950-тите години, било да е сервис садови фиеста од 1930-тите, било да е спот од Мадона или песна од Има Сумак, куќа од американски ранч од 1950-тите или француски дворец – како кохерентна, внатрешно доследна стилска целина, како пројава на историски и културно специфичен систем на вкус чија отелотвореност во предметот е толку целосна што самата таа целосност по себе предизвикува задоволително препознавање и овозможува своевидно сопствено задоволство.269 Таа готовност естетскиот суд за одреден предмет да му се подреди на вреднувањето на севкупноста со која предметот отелотворува единствен, интегриран естетски или историски систем е она што ја навело Зонтаг да заклучи дека „Кампот не дејствува во смисла на убавината270, туку во смисла на степенот на извештаченост, на стилизираност“. ‌Всушност, машкиот геј-естетизам е склон да ја заматува разликата помеѓу убавината и стилизацијата, дотолку што значењето или содржината ги сместува во самата форма, наоѓајќи вредност во секој предмет што покажува совршена сообразност со даден естетски поредок, со даден стил.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не се обидува да проѕре низ стилот на предметот до неговата содржина, да го разлачи неговото успешно естетско остварување од неговата одбивна политичка порака и од неговата вплетканост во еден омразен општествен поредок.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оттука, инсистира секој предмет поединечно да го гледа во естетската рамка на самиот предмет, како естетски склоп, како ефект и израз на интегриран естетски систем.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)