нејзин (прид.) - болест (имн.)

Гласот на зловесникот за нејзината болеста и болеста на Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во ниеден момент Јосиф не заборави на нејзината болест.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Таа, длабоко во себе, веруваше дека нејзината болест беше причина за молчаливоста на Даниел, за тагата која одвреме навреме ѝ го крадеше спокојството и предизвикуваше душата длабоко да ѝ се стегне.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сандра, свесна дека тој целосно стравува да ѝ пријде поради нејзината болест, насмеано му рече: „Копчето!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Понекогаш си мислеше дека не ја сакал доволно, или дека ја мамел, или дека таа, мајка ѝ, не го сакала доволно, па нејзината болест беше некоја божја казна за тоа нивно недоволно сакање.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Даниел никогаш не ја спомна нејзината болест, никогаш не алудираше на тоа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
— За нејзината болест немам апчиња, вели Подувкина и ми става топломер под мишката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа можеше да ја почувствува топлината и силината на неизговорената љубов на Даниел, и нејзината љубов ќе беше целосна ако нејзината болест не беше дебела сенка врз тој светол пејзаж.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Шефот на безбедноста, кому Хелвиг веќе му беше кажал за нејзината болест, ѝ објасни на Марија дека не може да го земе детето со себе без согласност на нејзиниот сопруг, кому судски му е доделено.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)