Сокол Мечевски кимна потврдно со главата, а Татко, охрабрен, продолжи: - Употребените и изманипулираните конверзии, за зацврстување на власта, задржани со силата на нивната инерција, во нашите балкански менталитети, и по падот на Отоманската Империја, продолжија да ги множат разликите меѓу луѓето, дури и кога дојде, по долг и мачен процес на Балканот, до одделување на религијата од државата...
               
             
           
            
            
              „Тврдина од пепел“
               од Луан Старова 
              (2002)