нивен (прид.) - песна (имн.)

Почнале и некои нивни песни да пеат. Шантара, пантара, ништо не ги разбираш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Навистина играше а ние ти плескавме, а и некој од мажите посака да ти се придружи, дури и се качи...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А кога Козаците ја пееја онаа нивна песна за степата и за брзите коњи, ти се качи на масата и играше казачок.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ме помина и ги забави чекорите под прозорецот на тројцата студенти наслушнувајќи ја нивната песна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Сега можете да им се наслушате, ова е една таква нивна песна, неа тие ја повторуваат секоја гладна ноќ, а вие де стиснете уште малку.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со бакнежи и солзи, на големата и шумна минхенска станица, девојките се разделуваа. Нивната песна молкна уште пред Јасенице.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сè поретко ќе првнат над нашите глави, сè поретко ќе заѕуни нивната песна.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Нивната песна се виши над кубето од божилото дур ти го готват лебот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Беше тоа нивна песна, а одамна ја немаше слушнато.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)