нивен (прид.) - потреба (имн.)

Таа исхрана, таа промена на исхраната, влијае на свеста, ги смалува натпреварувачките одлики на луѓето и нивната потреба за владеење.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Многу е пишувано за зависниците од информации (Rheingold 1993) и нивната потреба за комуникација.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Едноставно, само земете ја предвид нивната потреба за поголем број податоци.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се однесуваат иронично во својата околина, а нивната потреба да повредат расте.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Дури и техничарите имаат смисла за хумор и ги доживуваат, на пример, визуелните сугестии исто како и “не- техничарите”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Некои тоа го бараат во болката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кој ќе дава податоци за македонските народности и за нивните потреби?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сепак, признајте си чесно, колку свесно и кол­ку чесно го почитувате тоа правило?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Очајничка е нивната потреба да се искуси нешто што е стварно, нешто што ќе се доживее.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)