обликуван (прид.) - во (предл.)

Во Њујорк извесно време работи со Карл Лајпцич и учи графика кај Стенли Вилијем Хаутер во неговото познато атеље 17 (кое за време на војната е преселено од Париз во просториите што му ги обезбеди New School of Social Research, во Њујорк).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во овој период стилот драматично ѝ се менува, со внесување на елементи од Надреализмот, и што 112 Margina #4-5 [1994] | okno.mk набргу ќе го привлече вниманието на Анри Бретон. (10) Покрај скулптури Мартинс исто така правела и накит, кој како и некои нејзини вајарски дела, содржи органски форми обликувани во експресивен манир.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Поголем дел од дворот беше засаден со зимзелени дрвца, вкусно обликувани во геометриски фигури и ликови на животни.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дискетите со наведените програмски системи можат да се најдат во сите продавници за компјутери, исто како и авторските книжевни дела обликувани во хипертекст.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Местото наземи, мегу четирите столбови целото беше послано со калдрма, а насреде имаше поставено крст што тој во делови го направи од црвеница замесена со кал, обликувана во елови за крст и печена прво во фурна, а потоа држана на жар.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Како што одминуваше времето, така душите им се стоплуваа, а со тоа и чудни настани им извираа низ устите обликувани во низи зборови што се таложеа во мене молчаливиот, стутканиот меѓу колената на татка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Романот е обликуван во посмодерен код како приреден ракопис во чие ткиво се инкорпорирани уште неколку текстови кои го поткопуваат главниот текст.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа е субјективитет обликуван во дихотомија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа тензија дефинира, создава и продолжува своеобразен вид на машки геј-субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Салонот во кој Агата и нејзините ученици музицираат, го сочинува мебелот наследен од татко ѝ: неколку комоди, две тешки фотелји, два шемизета, на другата страна пијанино со два свеќника обликувани во југендстил, а отспротива и маса од темно буково дрво со шест трпезариски столици со ногарки обликувани во лавји шепи, тапацирани во тежок црвен сомот со вегетивни интарзии.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој ја милуваше светлата свила на нејзината кратка коса, обликувана во локни според модата на времето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Деновите ги трошеше седнат во блиската кафеана, што беше обликувана во форма на еден голем филџан за кафе, во чија внатрешност се вртеше, како избезумен, тутунов чад, прикривајќи го видикот на многуте светлечки рекламни паноа и слики, сместени на темните ѕидови, како налепени парчиња смола врз дрвена кора.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ги гледала, потем, живописните персиски теписи спружени пред бројните дуќани, сребрениот накит обликуван во големи и во мали форми, садовите од светнат бакар, посребреното оружје, тиркизните украси, многу, многу други украсни предмети кои ги гледала за прв пат во животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)