обновен (прид.) - во (предл.)

Првата фабрика за штофови и гајтани „Стерјо Пикулис“ од село Магарево, е обновена во 1924 година.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во неговиот став се препознава пред сѐ раниот дух на дадата (рецитирање на поезија во Кабаре Волтер), овде обновен во начинот на повоената тенденција за деперсонализирање на уметноста и проширување на медијот, но таквата употреба на јазикот не успева да го избегне токму она што се обидува да го спречи: субјективната манипулација, претворањето на еден инструмент или преносник каков што е јазикот во нов метафизички објект.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Таа заедница би требало да биде алка меѓу Западот и Русија, а не обид за изолирање на Русија зад редица тампон-држави исправени против Русија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На прашањето на Доливети, како може Балканот да излезе од стегите на реакционерните сили, Богдан Радиша сметал дека тоа е можно единствено ако се возобнови старата девиза: „Балканот на балканските народи“ и таа да биде обновена во формулата за балканска заедница на слободните балкански нации.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во сето тоа кај него, и што е обикновено во таквите случаи, немаше некој систем, но подоцна, кога стана прашање за историјата на неговото семејство Кочо, видов дека е неверојатно прецизен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од 1.300 - на 2.200.000 жители Будимпешта е стар град. По турското ропство, тој е обновен во седумнаесеттиот век.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Колку и да ги десеткува човекот на патот, тие ќе се вратат обновени во безброј нови потомки - прв се огласи по долгата тишина Игор Лозински.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)