огромен (прид.) - празнина (имн.)

„Сеедно, ние сега не сме заедно,“ ми велеше Ема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Нашата изненаденост од огромната празнина што се отвори пред нас без да ни понуди некаков излез, беше сепак различна. А за целта и да не зборувам!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И попладнето зина како огромна празнина на пештера а таму негде во недоодната далечина стоеше Катерина со насмевка што предизвикува чудна болка бидејќи ми одземаше дел од некоја посакувана вредност за чие значење дури и не бев доволно свесен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Цврсто е докажано дека над 100 мегапарсеци постојат огромни празнини.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сепак, сепак, ќе ја допрам таа тајна; уверен сум дека ќе ми тргне од рака да ја изнесам од зад превезот на насмевката на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Одеднаш чаршафот од ацетат, што му ги заштитуваше чувствата од светот, почна да се топи и неговата огромна празнина во душата се наполни со тапа болка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Коњаникот во часовникот го минуваше својот пат оставајќи зад себе трага на огромна празнина. Не брзаше нигде.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Огромна тежина, огромна празнина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас бев исправен пред себеси во огледалата што ме пренесуваа во бесконечност и со испружени раце ја барав Ема во огромната празнина.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)