определен (прид.) - тип (имн.)

Ниедна установа од определен тип, ниедна скапаница од телевизија не го одбележа овој извонреден датум - за огромна жал.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Фјодор Михајлович Достоевски - оваа година се навршуваат рамно 175 години од раѓањето и 115 години од смртта на великиот, неизбежен и постојано потребен (да, зашто да не?) класик на руската и светска литература.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таму, во Париз, понекогаш го вртам албумот со фотографиите од детство: тие куќички, дворови, сокаци, врамени едни крај други ме потсеќаат само на прочитаните описи на еснафските квартови во определен тип романи за кои чувствувам извесна приврзаност.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)