осамен (прид.) - во (предл.)

Врволицата од учениците и професорите пак се врати по солунската гимназија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Гласот на Гоцета, осамен во таа врева, го чуја само учениците и некој од професорите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој е можеби осамен во тоа верување, а ако е осамен, тогаш е и луд.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Седеше осамен во своето гнездо сместено во дупката на една шуплива круша.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Татко со многу зборови никогаш не се чувствуваше осамен во животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да бидам осамена во мојата своевидна лабораторија, кога сите се дружат, одат на работа како нормални луѓе, пијат кафе на пауза со колегите.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сепак мислам дека не сум осамена во ваквите размислувања, многумина од македонците се измачуваат со тешки филозофски теми.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Двајцата главни ликови, Србо и Шишман, скоро осамени во ова дело (останатите се во Србија, Бугарија, Франција...) ниту жалат ниту некого обвинуваат за своите маки и својот статус.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Професор Освалд ја пофали стабилноста и долговечноста на пирамидите, но тоа не го толкуваше како резултат на вербата во вечен живот, туку како борба за него, и забележа дека тие безобразни, неприродно симетрични и едноставни маркации, осамени во безмерноста на пустината и времето, по најкраткиот пат од широката основа до точката на врвот совршено го отсликуваат постапното, непобед­ ливо трошење на човечкиот век.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Чувствуваше, кога беше далеку од своите дека само по овие древни песни му припаѓа на својот народ, често осамен во историјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мигум останав осамен во вревата на поздравите, лажниот хор од среќа и надежи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Осамена во есента молчи далечината.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Всушност... седам сам и осамен во кафеана во која, со овие чудни години на пренаселување на градот, никого не познавам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Нагласив дека мојот однос кон франкофонството не е осамен во Македонија и дека има повеќе генерации од разни области на науката, економијата, културата, уметноста, особено литературата, кои со децении негуваат одлични односи со француските институции.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тажно е да зборуваш осамен во мракот за своите радости однесени.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Постојано веруваше во некаква буна на самата судбина која ќе ги доведе работите на праведното место!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги минуваше последните денови како заточеник на слободата, осамен во својот престол, следен од повиците на своите верници: Маченик, маченик, маченик...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Првпат криковите на црните птици беа осамени во просторот, реско ја засекуваа тишината, кобеа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во почетокот ги одбиваше секојдневните канонски задолженија и нивната будалеста рутина на утрински, пладневни и вечерни активности, кои требаше да ѝ го исполнат поголемиот дел од денот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дури тогаш сфати колку е осамен во тој прекрасен, луд и неразбирлив град, во кој никогаш веќе нема да биде среќен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Минувала денови, осамена во својата соба.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Седеше осамена во црното поткровје, вдишувајќи го последниот преостанат мирис, како нежен здив на радоста во воздухот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)