останат (прид.) - во (предл.)

Мислеше дека во овој град ќе дојде и до својата конечна пресметка со историјата, верувајќи дека ќе ги открие помирувачките кодови на исчезнатите империи, останати во луѓето, најмногу преку инерциите на идеологиите и на религиите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Наизглед безусловно прифатен, нему му се ускратува било каков маневарски простор, прилика да избега, му се забранува оригиналноста и тој станува фатен во стапицата на својата различност; верувајќи дека од апстрактен се дошло до вистински човек, помеѓу личноста и колективитетот се укинува онаа игра во која просветителската антропологија не само што не чепкаше туку тежнееше да ја зацврсти; во име на алтруизам, Другиот се претвора во хомоген блок, па на тој ентитет му се жртвуваат останатите во нивната индивидуална стварност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На татковиот закоп дојдоа речиси сите пријатели од неговата генерација, останати во живот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беше како дома, меѓу сите нив, оној црвенокосиот Ристан, за кого никој токму не знаеше да каже од каде е, се прилепи со нивната тајфа, а сега беснееше со своите послушни раце по нивното градилиште, со душа блага и длабока како питомиот црнозем на тоа маслиново поле наоколу, неговото име најчесто се извикуваше крај сите потерани ѕидови, сите како да му зборуваа нему и сакаа да се шегуваат со него, сите тие денови, останати во детското паметување, полни со тоа црвено јужно сонце и набрекнати како зреани црешни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Помага дедо Петре, за сѐ нешто треба машка рака, ама малкумина старци останати во селото, во себеси крепат сила.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Оти малку луѓе останати во селото, во полето имаше многу работа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Макар што сега многумина одеа и се враќаа од границата, нас од семејството, тие што останавме живи да го дочекаме ослободувањето на границата, нешто длабоко во нас, можеби самата граница се уште останата во нас, не ни дозволуваше да појдеме, слободно да ја минеме.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во моето прво минување на границата, по падот на енверизмот, се најдов во родниот Поградец.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ви останувам бескрајно благодарен за начинот на кој го браните моето пишување, светот на мојата балканска сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Мајка одамна ја нема, но таа е останата во алхемијата на моето именување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И, во својот завршен збор, пред ,небескиот трибунал пред претседателот да ја прочита пресудата на моите предци, не можејќи да ги најдам спасоносните зборови, останати во ,трибалниот код на сеќавањето ќе ја продолжам мислата на мајчиниот јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Толку загинати, толку ранети, толку останати во стројот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но, мислев на останатите,” рече доктор Гете, покажувајќи на останатите во просторијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Да, кога тие би сфатиле дека таа реагира погрешно, тоа сознание навистина би имало катарзично дејство.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)