печен (прид.) - на (предл.)

И за саралија со шеќер или со мед, за мазник - кори печени на сач и клавани една врз друга, та попрскани со млако топена маст, кори за оризник – и тие печени и попрскувани со маст и ориз или кори за лешчалник и фасулник, пак печени на сач та поливани со леќа или грав омекнати во млака овча маст...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
3. Верувам, драг Аристине, дека не сте можеле да го сонувате зададениот сон и да го изедете во сонот зададениот ручек, оној светиниколски сом печен на вода.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бидете таму напладне и побарајте женска личност која пие чај и на масата пред себе држи една женска обетка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Па се поклони, сиот теракота печена на тивок оган, со цигански шарена шамија околу мисирковиот врат, прво задолжително на жените со поглед како во решавачка карта, а потоа деловно им соопшти на мажите: - Тој ми е најдобар студент, најнадежен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)