Иако различни, Рашела и татко ѝ во погледот имаа нешто сосем слично, некаков спокој и тажна задлабоченост.     Кога, водејќи ме за рака, Рашела ќе ме однесеше во неговата мала, чиста, но стара и сроната чевларска работилница, откако ќе седневме на двете преостанати столчиња со сламено, плетено седиште, таткото и ќерката долго молчеа.
               
             
           
            
            
              „Светилка за Ханука“
               од Томислав Османли 
              (2008)