Меѓутоа, и самиот популарен код, со кој оваа уметност се напојува, функционира како реметење на принципот на константност кој го наметнува идејата за висока култура достапна на оние со „поистенчен вкус“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Новата британска уметност за којашто овде ќе стане збор втемелена е во комбинацијата на обете „присили на повторување“ и затоа функционира и како критика и како субверзија на популарниот код во којшто се наоѓа.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Исто така и „светогледот“ на уметникот на деведесеттите може да се сосредоточи токму во една изјава на Хирст: „Понекогаш чувствувам дека немам што да кажам - и често сакам да комуницирам со ова“.8 Ваквиот „став“ стои на другата хемисфера во однос на она модернистичко „кредо“ што би можело да се формулира во: „имам многу нешта да кажам, но не сакам да комуницирам“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Делото на Хирст е органска скулптура („озлогласено“ присутна во поновата британска уметност, нпр. во автопортретите од крвна плазма на Mark Quinn), а мумифицираното тело на овцата упатува на смртта токму низ претставувањето на „очајничкиот“ обид да се задржи претходната состојба.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Додека модернизмот бегаше од „комуникативните клишеа“ (Куспит), изјавата на Хирст својот праузор како да го пронаоѓа токму во исказите од традицијата на поп-културата, а конкретно во дефиницијата за поп-културна комуникација изречена во една песна од Beatles: "Half of what I say is meaningless, but I say it just to reach you..." (Julia).
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Во доменот на Damien Hirst: „Одделчена од стадото“; „политичката естетика“ тоа наликува челик, стакло, јагне, раствор од формалдехид, на балсамираното тело на Ленин 96х149х51 см, 1994 бидејќи упатува на идеолошкото значење на „оддржувањето во живот“ како илузија за „оддржување на среќата“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
“ Сигмунд Фројд, С оне стране принципа задоволјства, стр. 21. 7 Фројд, Ја и оно, стр. 102. 176 okno.mk naff За некои дела на Damien Hirst (р. 1965), како што е овде репродуцираното, Одделен од стадото (Away from the Flock, 1994), може да се каже дека се иконични за уметноста на деведесеттите.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тие, значи, функционираат во популарниот код, но претставуваат и негова субверзија низ наметнување на или јасно критичен или вознемирувачки двосмислен став, како што низ популарниот „принцип на задоволство“ ѕирка и она „зад“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)