Ниедна мислам нема да продолжи да трае  тежината на пустошот ќе влече  и ѕвезда по ѕвезда ќе паѓа  ќе трае таа толку колку што ќе потрае нашата утрена  на постела распослан векот парче по парче дури се собере  и последниот бран од праискони што лута ќе нѐ покрие.
               
             
           
            
            
              „Камена“
               од Анте Поповски 
              (1972)