Денот на тргнувањето ќе ви го соопштам јас – рече беглер-бегот и им се обрна на аџиите.         – А вие, Аџи-Јане и Аџи-Рампо ќе гледате да разберете каде ќе биде поголема нивната сила да можеме и ние со поголема таму да удриме – а кон беговите се обрна со последната заповед:       – Гответе се ефендилер, да не се посрамотиме и овој сефер како досега, зашто за нас веќе нема место во царштината на големиот Падишах.
               
             
           
            
            
              „Калеш Анѓа“
               од Стале Попов 
              (1958)