МИ СЕ ВРАТИ   Ми се врати во сонот:  задумана месечарка што ја опчекорила месечината  и среде река си го лади последниот такт од танцот    Ми се врати во песната:  онемена песнопојка свечено истопорена  пред ливадата сета послана со јајца од препелици    Уште да му поверував на оној наш Калдерон  кој утрово пред трафиката за весниици  ме убедуваше дека животот е сон а понекогаш и песна.
               
             
           
            
            
              „Ситночекорка“
               од Ристо Лазаров 
              (2012)