потиснат (прид.) - во (предл.)

Секој ја носеше длабоко потисната во себе болната вистина за границата крај нас.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Возовите со живи луѓе во челуста доаѓаат и поаѓаат хистерично како страст потисната во меморијата - таму кајшто нема случки туку трауми.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Првата беше потисната во заборавот, во загубениот дел од рајот на детството, додека втората живееше во страниците на нејзиниот каталог.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Знаеш каков може да биде резултатот од потиснатиот во себе бес кога наеднаш ќе се престори смеа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Куќата сега ми е само од хоризонтали така што јас во неа сум како парче месо што секој час може да се најде потиснато во сендвич.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)