прв (прид.) - истрел (имн.)

По првиот истрел, Бојан сфати дека цврсто ќе треба да ја држи пушката в раце, зашто не знаејќи дека при истрелот таа се затресува, Бојан лесно можеше да ја испушти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Можеше да има разлика само од неколку прста растојание од она место, каде што имаше погодено тој во телото на огромниот див ѕвер, до местото каде што било потребно да се погоди; можеше да се види дека тој бил сосема блиску до тоа место, уште со првиот истрел, иако не изнајде ништо особено за другите два истрела.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уште на првиот истрел мечката го остави зад себе раскинатото дивојарче и остана свртена накај него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Веројатно тие кои го определувале местото за нивно поставување, мислеле дека со првиот истрел противникот треба да биде погоден в чело.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Стотина заптии ја обиколија целата маала, а веќе кај Алимасковци затреште и првата бомба што ја фрли Шаќир.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На првите истрели се збуни целата полиција, а и заптијата веќе беше ги известил муљазимот и кајмакамот и овие трчаа со сите заптии и оружани слуги што ги имаше по Прилеп.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште со првиот истрел тој ја погоди во колкот, таа падна на подот, а со вториот - жик - мене во левата рака, еве овде.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Е, миличка, извини: кога човек стрела, а потоа гледа, дека не успеал со првиот истрел да убие, и, кога ќе вресне, дека тоа ќе го оствари по отслужувањето на казната, - - тоа... тоа не е возбуда, туку факт, крвав, ѕверски факт... ете што е тоа!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој се срамнуваше со скршено од првиот истрел оружје, оставено засекогаш неупотребливо и мртво.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)