Торбата со чеканот и мистријата на рамо и ајде, апостолски, сечи го патот преку планини и села; лебот го делевме не на парчиња, ами на касаи; по селата шеташе тифус: сегде пресни гробишта; кога ќе видевме пресни гробишта, бегавме од тоа село: ни леб баравме, ни вода.
               
             
           
            
            
              „Свето проклето“
               од Јован  Стрезовски 
              (1978)