пресуден (прид.) - во (предл.)

Годината 1988 можеби беше пресудна во борбата и животот на Јасер Арафат, најсилно данајски привлечен во лавиринтот на стапицата, макар што во таа година беше убиен најблискиот негов соработник Абу Џихад.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Деридаовото преиначување на смислата му соодветствува на преминот што францускиот психоаналитичар Жак Лакан го опиша како пресуден во раснењето на човекот - за неговото одвојување од нарцисоидниот стадиум на огледало.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но за тоа подоцна низ сведоштвата на поетот Махмуд Дарвиш...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Камилски ја застапува тезата на австрискиот психоаналитичар А. Адлер дека улогата на семејството насекаде во светот, на Балканот посебно, е пресудна во одредувањето на однесувањето на поединецот во текот на целиот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Главно се навраќаше да ги препрочитува делата и деловите од делата што беа пресудни во дефинирањето на неговата животна филозофија што се темелеше на карактерност и главно смиреност постигната со напор.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)