прикажан (прид.) - во (предл.)

Во филмовите на Гринавеј се појавуваат сите “репродуктивни” медији, почнувајќи од оние најексклузивните, прикажани во самиот чин на создавањето, како што е цртањето во УГОВОРОТ НА ЦРТАЧОТ и внимателната калиграфија во СТОМАКОТ..., во најдословната смисла на авторовиот “потпис” бидејќи станува збор за неговите цртежи и неговиот ракопис, до репродуцирањата по пат на видео- и филмски камери, грамофони (ЗОО), фотоапарати (СТОМАКОТ НА ЕДЕН АРХИТЕКТ, ДАВЕЊЕ ПО БРОЕВИ) и, како што вели Гринавеј, “најбаналните слики” добиени со фотокопир (СТОМАКОТ...).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Чехословаците на изложбата предизвикаа големо интересирање со стерео-слики, каде што мртвата фотографија, прикажана во три димензии, оживуваше пред гледачот...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ова објаснува и зошто машката геј-култура нѐ поттикнува да се смееме на ситуации – како оние што се прикажани во Милдред Пирс и во Најмила мамичке – кои се ужасни или трагични.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа значи да се постигне одреден степен на противтежа во однос на нив, истовремено признавајќи им ја натамошната способност да ги диктираат условите на нашето општествено постоење.253 Ова објаснува зошто машката геј-култура еволуирала тешко дофатлива културна практика и начин на перцепција, познат како камп, кој подразбира да не се сфаќаат сериозно, буквално и неиронично самите нешта што се најважни и што предизвикуваат најмногу болка.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Овие суштества се прикажани во целата самодоволност на коконата, тие повеќе не ја чувствуваат потребата да се споредуваат себе си со она што тие треба да бидат, ним повеќе не им треба огледало.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Столетието што го делеше од дедо му имењак, ја загуби својата перспектива и неговото сопствено време и неговото „јас“ се склопија со времето и своето „јас“ на неговиот предок, така тој сега стана опседнат од верувањето дека тој лично, а не прадедо му, го изградил мостот на Луда Река, и дека во потпорите на тој мост, што е прикажан во многу приказни, тој ја жртвувал својата невеста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)