прифатен (прид.) - во (предл.)

Сѐ уште се муваа таму кадешто беа и претходно - на работ од големите градови, затворени во евтините хотели и со свое друштво - отпадници со лоши заби и евтини парфеми и ужасна гардероба.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
До 67. dragqueens сè уште не беа прифатени во официјалните фрик центри.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А тогаш, како што дрогите влегоа во животот на просечните луѓе, така и тие почнаа да стануваат прифаќани како „сексуални радикали”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ние, најпосле, бевме прифатени во Козар маало...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мисијата на инженерот Андре Декостер не беше разбрана и прифатена во нејзината суштина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Следбеници на св. Венсан де Пол, од францускиот азурен брег, овие мисионери ќе бидат прифатени во тогашната Отоманска Империја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Биснис е бизнис, имаше обичај да каже, една максима од неговата филозофија на живот, прифатена во Мелбурн.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)