променет (прид.) - во (предл.)

Го тажат жените, променети во црни руби, а плачот - железен е бран."
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Нивниот минимализам ја пре­ди­звикува реакцијата на публиката.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Улога на камерата Улогата на камерата во Ворхоловите филмови е радикално променета во однос на нејзината конвенционална употреба: таа веќе не се сфаќа како неопходно објективна направа што ги бележи субјективните замисли на творецот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Да се обидеме да ја дешифрираме во светлината на тој настан: act (чин) може да биде заменет со зборот песна, на истиот начин на кој Гете во „Фауст“ збор го замени со чин; во библиската реченица „во почетокот беше збор“ (песна); во почетокот беше чин; red (црвено) е замена за хомонимот read (читање); ter or треба да се прочита како тенор; epergne може да стои наместо epargne (фр. да се сочува).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Буквата а во epargne е променета во е во зборот epergne, така што а недостасува и во зборот red, наместо read, и во зборот epergne, наместо epargne.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Суровите “сајберподатоци”, променети во порции, коишто може поединецот да ги прочита и да ги употреби, ќе бараат нови производи.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сите променети во сведенско руво - дојдени од трите крајезерски села го исполнија црквичето.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Негде во средината на пролетта ( а кој да ја забележи пустата пролет?) пред нивниот влез застанаа два џипа со црвени крстови од страната, под крстовите на едниот македонско писмо, а на другиот грчко, и бидејќи беа најавени со писмо по пошта нив ги пречекаа Пелагија и Чана, меѓу нив трите внучиња на баба Петра и дедо Костадин променети во нови алишта, избањати со миризлив сапун двете девојчиња убаво исчешлани и со панделки во косите, а машкото убаво потстрижно и со патец над левото уво.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Татенцето си го имаше наметнато војничкиот шинел, по овој повод го имаше ставено и орденчето, а Оливера Срезоска и Трифун Трифуноски беа променети во натпреварувачките блузи од крос-натпреварите.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На првиот празник што дојде, луѓето се собраа на средсело облечени, променети во најлична руба да го прослават да се провеселат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)