Погледнете ја политичката или дури медиска сцена:           главно станува збор за протагонисти чијашто професионалност и компетенција биле           жестоко идеолошки „издрилани” во крутиот социјалистички концепт, во монопартизмот;           така што, едноставно, нивниот интелектуален или психолошки рефлекс во суштина           не е демократски, иако истите тие луѓе се расфрлани по разни партии, приватни и           парадржавни медии и фирми, обидувајќи се што поверодостојно да ја играат симулацијата           наречена плурализам.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА  бр. 36“
              
              (1997)