Некои од машките геј-студенти во групата, излезе, си ја надоместуваа незаинтересираноста за зададената лектира и за дискусиите на часот на тој начин што ја украсуваа опачината на списокот за редовност со занимливи цртежи на разни соученици, одвреме-навреме и со мои портрети, нагиздени во дрег и претставени како женски ликови од Златните девојки или од Челични магнолии (слики 2 и 3).129
    Тие студенти можеби и не беа обожаватели на Џуди Гарланд и на бродвејскиот мјузикл (но кој ќе ги знае?), но знаеја што сакаат.
               
             
           
            
            
              „Како да се биде геј“
               од Дејвид Халперин 
              (2019)