разен (прид.) - страна (имн.)

Спомените од тие другарувања никогаш не исчезнуваат, никогаш не избледуваат, иако во животот луѓето се разделуваат, живеат на разни страни.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Секое го зграпчи своето парче и двете се изгубија на разни страни, да не си пречат и на мир да го изедат својот појадок.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Туку влеваат едни во други и пак се разделуваат, некои невидливи раце како да ги тегнат на разни страни.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се движат заедно тие секој пат по патеката своја на разните страни од својата темница.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Не дозволува никој да и го допре тој нејзин „свет”, а секој предмет има своја приказна или историја, со која е поврзан.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мртовците станаа и тргнаа на разни страни, кој каде.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
-Добро, доста беше, момци - го прекина старецот, станувајќи. -Да се разотидеме.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ме однесе до нејзиниот „свет”, така таа го нарекува сребрениот послужавник врз кој има наредено безброј мали и необични предмети што ги има донесено од разни страни на светот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еден по еден ги запали со кибрит, па со се’ сила ги зафрли на разни страни.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)