Копитата тапкани едно врз друго и во круг  имаат своја геомертија, своепаметење, свој ветар,  тоа не се траги на крупни и гледани коњи,  тоа не е кас на римски освојувачи, на крстоносци,  на ислами со бајраци и полумесечини;  тоа се траги на боди и непотковани копита  на наши коњи и крај нив траги  од непорочен допир на човечкото месо и земја:  тоа се босите нозе на мојот народ.
               
             
           
            
            
              „Ненасловена“
               од Анте Поповски 
              (1988)