свој (прид.) - коса (имн.)

Посакуваа да ги споредат своите очи, својата коса, своите раце, својата лика, движењата, одот, бојата на гласот, своите особини.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како што наскоро ќе патуваме на Месечината и на другите планети и при телефонски разговор ќе се гледаме еден со друг, така човекот со својата свест ќе го прави тоа што го прави со својата коса: не тоа што таа го сака, туку она што тој го сака.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се наведна, ги истресе од својата коса светулките што ѝ ги посипа Бојан, па без збор стрчна низ ливадата, се нурна во темнината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Денес слушаме за биохемиските експерименти во кои се користи amanita mus- caria или други халуциногени печурки, или дроги синтетизирани по нивен пример - за експериментите во кои професорите, студентите и криминалците стануваат привремени шизофреничари, понекогаш заради ново искуство, другпат за чисто научни цели.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога чумата ќе заминеше понатаму влечена од широкиот, пијан замав на својата коса која сече не одбирајќи, зрело и незрело, портата на замокот повторно стануваше мост.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога ќе го споменам своето интересирање за печурките, повеќето луѓе веднаш ме прашуваат дали сум имал некакви халуцинации.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И Стале, кој уште на триесет и пет години стана дедо Стале поради својата коса, брада и црна антерија не пропушташе ниедна несреќа во селата да не ја протолкува како казна од свети Илија што не му го прават селаните меќанот -манастирот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Утредента дојде кај него и донесе во своите коси свеж ден и влага на облак и уште нешто: насмевнатост во лаковите на ноздрите.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Додека Вива ми зборувааше за својата коса, морав да погледнам каква е ситуацијата со мојата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)