свој (прид.) - удобност (имн.)

Покрај една малку подалечна маса имаше едно слободно место, но нешто во изгледот на човечето навестуваше дека тоа ќе внимава доволно на својата удобност и дека ќе ја одбере масата со најмногу слободни места.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Меѓутоа, земјата им ја нудела својата удобност, својот сон и својата великодушност на вечна колепка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Најмногу се грижеше за своите интереси. За своите удобности.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Едниот сакал да го надживее противникот, другиот исто така мислел дека ќе се исправи над својата жртва и ќе појде на некој поток да си ја лекува раната со сончеви зраци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој ќе мисли само на својата удобност, нарушувајќи ја удобноста на другите.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)