својствен (прид.) - на (предл.)

Долго јa гледа небаре сака да ги открие сите оние белези и црти што единствено се својствени на Циљка и уште еднаш да се увери дека девојката којa сега ја држи во својата прегратка навистина е нејзиното чедо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Побрзо да свршиме работа, - рече со изговор својствен на Власите, што братучедите ги потсетуваше на говорот на оние Власи од бачилата брзнички.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Сето тоа ќе му се случи зашто на своите сонародници ќе се обиде да им даде на знаење дека ги замениле трите верувања (католичкото, православното и муслиманското), својствени на албанскиот народ, со сталинистичкиот марксизам, кој ќе завладее како нова религија бришејќи ги другите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)