свртен (прид.) - на (предл.)

А јас, како број 1, свртена на истиот правец во спротивна насока, пишувам со кратенки, за да не ме разберат другите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Стоиме со зинати усти свртени на запад, како прогонети богомили, исплашени од папските орди.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ноќите ги минуваше во својата канцеларија која, покрај службените елементи (биро, фотелја, маса со шест столови за состаноци), беше опремена со кауч и шкаф за облека, со фрижидер и шпорет во малата ниша од која на левата страна се влегуваше во пристојно уреден тоалет, а од десната страна се излегуваше на тераса свртена на југозапад, кон височините на планината.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Палаво стракче
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
На син ми Жорж и снаа ми Лидија Во древна кинеска вазна сноп исушени цветови, со долги стракчиња, се поткренале нагоре, ги подале главчињата и сите свртени на една страна слушаат светлината како раскажува за походи небеска љубов.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Малечката Пелагија ги има свиено своите малечки раченца околу вратот на мајка си, само очињата ѝ се свртени на кај жолтокафеавиот Мурџо, кој, врти со опашката како со кадела, ги шета очите лево и десно, повеќе нагоре, како да се во некој нем разговор со очињата на Малечката Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)