силен (прид.) - во (предл.)

Мал а силен во летот, јурна надолу, за потоа да ја задржи висината на летот, да можат да го следат.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Додека Едо буричкаше во моторот на колата оставена во дворот, му дојде жената на капетанот, бидејќи нероткиња, комишиите ја викаа Јаловицата, крупна, силна во нозете, со градите подвиснати бидејќи немаше градник, разградена со цигара во раката.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој знае дека и силните во сѐ им се рамни на потчинетите.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Беше тивка и храбра, силна во својата величествена самота, во тој наш голем пораз, одвлечени на маргините од животот во кој секогаш имаме веќе спакувани одговори за нашите одложени знаци на возвратена љубов.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Пожртвуваноста на Ана... - Нејзината привлечност е во она што ти во неа го негираш, она силното во неа ти го презираш, зашто можеби, од некоја тврдоглавост, сакаш да му се спротивставиш.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А тие, жените де, сега стари, неспособни за бој и за раѓање, а толку силни во себе што и каменот се сотрива под нив кога почнуваат да ги оплакуваат своите загинати...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Слушајќи како се соочуваа јагулите со патот кога на земјата постоеше Атлантида, и како откриваа заобиколен пат по големата фрактура на планетата Земја, тој се обидуваше во својот забрзан асоцијативен тек на имагинацијата, толку силна во егзил, да го најде следејќи го патот на јагулите, патот кон својата загубена татковина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И видение јасно, светлина силна во умот ми се јави, па се состави мозаикот: ми стана јасно од какви причини го немало Лествичникот на закопот од неговиот татко, и разбрав дека отсуствувал шеесет дни и шеесет ноќи, токму колку што треба за да се потроши под нозете патот до Дамаск и назад, ми стана јасно дека го украл клучот од западната одаја, од рубата на неговиот татко пред овој да се упокои; и дека златниот клуч е умножение, дело на рацете на Амореецот; ми стана јасно дека Лествичникот, откако направил умножение на клучот, го вратил изворниот клуч во одајата на неговиот упокоен татко, и дека од тагата по таткото овој се лишил, само за клуч-близнак од одајата кобна да поседува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)