Но, додека се качувавме, ситните нешта го менуваа впечатокот: ѕидовите стануваа почисти, по аглите се појавија саксии со егзотични билки - родендрони, фикуси, аспарагуси; забележавме дури и мали емајлирани плукалници; од вториот кат по скалите беше послан тепих, матно засветкаа месинганите кугли на свијоците.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Пријдов до вратата, но не до онаа зад која се наоѓаше бушавата глава на стражарот туку до другана, зад закачалката, на која до пред малку висеше ременот на Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Таму ги смести и други ситни нешта: извалкано шамивче за нос, ременчиња некакви, дробни пари.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Овие настани ме потсетуваа на други такви, помали, во животот, кога сум гледал дека луѓето се далеку еден од друг, како од брег на брег, не се разбираат дури и кога се во прашање навидум ситни нешта.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
А можеби и интерес за ситните нешта; или стрпливоста ми папсуваше пред време?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)