смешен (прид.) - во (предл.)

Осаменоста е смешна во своите напори.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Но таа не влезе кај него зад братучеда му, како што очекуваше, таа влезе прва и му се исправи убава и насмеана, така што тој се најде смешен во својата првобитна намера, мал и збунет пред неа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Гордоста ти недостасува да бидеш смешен во сопствените очи, зашто направениот грев е секогаш поголем од нас луѓето.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)