сосредоточен (прид.) - во (предл.)

Притоа, колкава и да беше тураницата на домашните околу неа (тогаш, братучед ти Павчо, нејиното трето правнуче, штотуку се роди), таа додека си ја средуваше косата не обрнуваше внимание на викотот и на бркотниците, како со чешлањето да се одвојуваше во својата најприватна зона, кадешто и прецизната камера не можеше да открие што се случува внатре, зад погледот сосредоточен во движењата на чешелот во огледалото.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Потоа, додека Валирија ми вари кафе во кујната, јас седам сиот напнат во дневната, сосредоточен во звукот на павкањето на Чиковите крилја.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)