спокоен (прид.) - чекор (имн.)

Му завидував на смиреноста со која не можев никогаш да се здобијам, да го одржам спокојниот чекор, ритамот на минливоста, небаре презабрзан во некое друго време, да престигнам друго непознато време...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Утре ќе го има в раце списокот со семејствата на оние бедни триста Евреи што живееа на островот и кои треба да бидат депортирани како и милионите што беа интернирани во полските логори и стотиците илјади подложени на „конечното решение” за кое се грижеа токму елитните единици на кои самиот со годрост им припаѓаше.  Карер излезе на воздухот и продолжи уште извесно време да оди со спокоен чекор.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој се сврти кон олтарот, длабоко се поклони и со спокоен чекор ги качи двете скалила пред олтарот и влезе внатре.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Почувствува дека кошулата му е мокра од препотување.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
XVIII Со својот спокоен чекор, ниту забрзан, ниту забавен, Татко го предводеше малиот ешалон кон вакафот и кон џамијата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко успеваше според шумот на чекорите да одреди чии беа, почнувајќи од Мајкините мирни и спокојни чекори, до нашите забрзани и шумни чекори, кога во трк скокнувавме и по две-три скали.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но се случуваше и во доцните ноќи, кога сите беа заспани, а само Татко, останат буден крај своите книги, да се слушаат необични звуци, во куќата, крцкање како говор што доаѓаше од неодредено место, во времето коешто Татко не успеваше да го протолкува до доцна во ноќта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ја забележа мојата промена. Смалената амбиција...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Секому веднаш му паѓаше в очи по неговата сина отворена боја на облеката. Одеше исправено, со спокојни чекори и гледајќи само право и далеку пред себе.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)