Но, најчесто, тоа беше доволно значајна работа за да го оддржува вработен и спокоен и гледајќи ги куќите и искосените тревници низ кои минуваше, гледаше како живеат сите тие луѓе.
               
             
           
            
            
              „Лек против меланхолија“
               од Реј Бредбери 
              (1994)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Соопштуваше возбудено и панично, па и колку и да си спокоен и студен како мраз, сепак гласот негов те каса морничаво во душата, па помислуваш дека нешто најстрашно се случува: бесење, колење, стрелање.
               
             
           
            
            
              „Дружината Братско стебло“
               од Јован  Стрезовски 
              (1967)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  По неколку часа спокоен и среќен, со ангелска леснина, носен од небесно ветре, летав кон својата татковина, кон дома.
               
             
           
            
            
              „Захариј и други раскази“
               од Михаил Ренџов 
              (2004)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  - Александар:  Другари мои Македонци  и ти Клито, морате во исто време  да бидете спокојни и храбри,  тоа тешко се постигнува,  но упорност вред во замена за победа!
               
             
           
            
            
              „Еп на Александар Македонски“
               од Радојка Трајанова 
              (2006)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Луман замина нагоре спокоен и сега веќе сосем уверен во пријателството на Бошка.
               
             
           
            
            
              „Луман арамијата“
               од Мето Јовановски 
              (1954)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Двете чорлави, бездомни деца се населија во него и првата преспиена ноќ во вагонот беше една од најмирните, најспокојни и најрадосни ноќи во нивниот скитнички живот.
               
             
           
            
            
              „Билјана“
               од Глигор Поповски 
              (1972)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Баждар се изгуби, нè остави во шепите на неизвесната судбина, а Пенчо се превиткуваше пред силната жена чиј спокоен и мек глас ме доведуваше до треска.
               
             
           
            
            
              „Улица“
               од Славко Јаневски 
              (1951)