стиснат (прид.) - во (предл.)

Затоа мирисав на етар и затоа носев капки крв на своите чевли, секогаш кога се враќав од болницата, и ноќе и дење, секогаш со сладок умор во прстите врело стиснати во врели дланки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа и неговите чекори, зад затворената врата, под која неспокојно шетаа и светлината и сенката од газијарката силно стисната во неговите раце.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Само во едната шепа, стисната во последна тупаница, ги чуваше небаре за спомен искорнатите нокти од рацете и нозете.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Пела неколку пати се завртува, сака да му мавне, ама рачињата ѝ се стиснати во дланките на мајка ѝ на баба Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Постојано ме држеше стисната во себе чекајќи да се раздене, да си замине.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)