стуткан (прид.) - во (предл.)

Петок Август ...бела столица, некоја сива мисла исткаена - непроткаена, стуткана во утробата наречена постоење.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Нишанџијата седи на камен стуткан во ќошот. Спие. Нозете до глужд во вода.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Запиша нешто во потсетникот и погледот го упати низ прозорецот, на содржината на големиот квадрат прекриен со бела, едвај забележлива завеса: голи гранки од липа на кои слетаа неколку птици раштркувајќи ги од нив капките наредени како мониста, и жена, од другата страна на железната ограда, стуткана во сив мантил, со црна плетена шапка на главата, забрзана по плочникот прекриен на места со вирчиња вода.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Имаше место во последната клупа и изгледа дека беше задоволен со тоа, зашто таму, во аголот, другите деца викаа, се префрлуваа преку клупите, се маваа со сунѓерот, ги влечеа девојчињата за прцлињата и изведуваа стотици други ѓаволштини, тој седеше стуткан во својот агол, отсутен, со мислите далеку од она што се случуваше околу него.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Арсо е стуткан во спротивниот крај од креветот и гледа со онаа чистота што понекогаш ја мачи Ана, но секогаш разбудува во неа почит.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повторно сама, стуткана во белата постела, останав да мислам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Кузе, со главата стуткана во тесните рамена, стои пред него кисел и овенат.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таму, меѓу гратчето во кое беше роден тој и селото од кое беа слезени неговите, никнат од планината, стуткан во шумата, се белееше еден манастир, небаре откршен белутрак од надојден порој.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Стуткани во живицата го гледавме чудесниот плен.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Љупчо тргна прв. Чекореше нечујно, како пантер.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Со големо спокојство му се доближи на автото, миговно оперираше, откорнатиот амблем го мушна под маицата и сосем спокојно се врати кон нас.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И преку него ќе го помирисаат здивот што се зададе од главата на бурата, стуткана во стоте капути од ветриштат тешки, недостапна за ниеден жив, недопрена од ниеден човек, а пред која се покорува сѐ, само тој не!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Си беше речиси стуткана во своето ќоше во проши­рената кујна со трпезарија, каде што, со години, нè имаше нас, пред своите очи, во прегратката на својата душа, сите нејзини љубени чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)