Меѓутоа, тоа не беше човечки танц, туку танц на непостоењето; тие дури и не ги чувствуваа    своите движења, потскокнувања и своето дивеење; но „нешто“ сепак танцуваше во нив; тоа    беше нивното суштество: грутка непостоење, којашто тие на неодгатлив начин ја чувствуваа,    неподвижен пискот на исчезнување, лешинска бескрајност; и сето „тоа“ хистерично се тресеше    во нив, завивајќи и потскокнувајќи, вртејќи се околу себе и подигајќи ги рацете кон ништо.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 37“
              
              (1997)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Мртвото мочуриште на тмурно непостоење мласкаше во нивните тела слични на чад;    тоа лешински по малку подврискуваше и, веселејќи се како пред егзекуција, се претвораше    во самото себе. Светот не постоеше.
               
             
           
            
            
              „МАРГИНА бр. 37“
              
              (1997)