убеден (прид.) - во (предл.)

Оваа првостепена пресуда беше доброволно извршена од страна на директорот на туженото акционерско друштво (Љ.Дракуловски) – при што немаше потреба да се иницира нова постапка за присилна наплата кај извршител.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Парничните трошоци , кои исто така паднаа на товар на тужениот, изнесуваа 3.000 денари и ги опфаќаа само судските такси за поднесување тужба и за донесување одлука.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Таа, по сево ова е убедена во фактот дека менаџерите, вработени во претпријатието, сакале – во тоа време – да ја искористат приватизацијата на тој начин што ќе го разработат претпријатието, ама на вработените нема да им даваат плата!? ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И на извесен начин, се покажува силна моќ да се претстави сета апсурдност на еден идеолошки и тоталитарен режим, успе­вајќи да претстави два живи лика во нивното возбудливо пријателство: ерудитот убеден во моќта на духот и козарот цврсто всидрен во моќната природа...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тргна покорно и Пискулиев, со право убеден во својата невиност.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Овој „старец” ќе цица, ќе ја валка својата постела, ќе го носи името на предокот; оние од неговото старо поколение коишто сѐ уште се живи, ќе уживаат гледајќи како нивниот стар другар од ловиштата и битките мафта со своите малечки екстремитети и вреска; штом ќе проговори, ќе му ја наполнат главата со сеќавања за починатиот; строгата обука ќе го „поврати” неговиот поранешен карактер, ќе го потсетат дека „тој” бил гневен, суров или широкоград, и тој ќе биде убеден во тоа наспроти секакво доживување на спротивното.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се утеше со ветувањето дека ќе се врати, а убедена во неговите зборови, стисна срце и се помири со судбината.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но и покрај убедувањата на Тито Маклин не бил убеден во неговите изјави.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Другарот Чапаев, убеден во својата моќ, го уверуваше Татко дека неговиот избор за судија може да се смета за завршена работа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Му се стори дека го слушна и лаењето на дедо Ивановите кучиња, но не беше убеден во тоа, зашто колибата на старецот беше далеку и само во најмирните, ведри зимски ноќи лаењето на кучињата можеше да се слушне и долу, во Гогов Валог.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сега Рози беше толку убедена во ова, така што стравот сосема ѝ исчезна, а горчината што ја чувствуваше кон Френк беше заменета со нежност и топла љубов.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го слушав како говори, сосема убеден во тоа што го говори, и почнував да се плашам; Лудвик, оној Лудвик што јас го познавав, немаше склоности кон мистицизам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сакаше да се сокрие во пештерата; небото подготвуваше нешто, беше убеден во тоа, а од пештерата го делеа дваесетина метри.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
И го сметал за познато или барем доживеано како кога работите проаѓале низ неговата крв а тој знаел за тоа од внатре и бил убеден во тоа.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Како да му пријдам, кога не можам да излезам на крај со него? – прашуваше Еразмо, очигледно убеден во неможноста, зборовите на старецот да се обистинат, потскокнувајќи во место за да ја распореди рамномерно насекаде големата тежина.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Уверен во лошите зборови, длабоко е убеден во печатот на својата судбина.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Дали Преспани беа убедени во тоа или не?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сарафовиот комитет им давал повод на многумина што биле убедени во потчинетоста на Врховниот комитет кон дворецот и бугарската влада да тврдат дека зад Сарафов и неговите пријатели стојат бугарските штикови и дека револуцијата што се подготвува во Македонија е управувана божем од Софија и ќе започне со знак даден од кнезот Фердинанд и неговата влада.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ограбената личност секој ден сè повеќе е убедена во нужноста да си го поврати писмото.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се сеќаваше - кога излезе во тоа утро ја заклуча вратата, се сеќаваше, беше убеден во тоа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во Централата во Белград и натаму се веруваше дека пијаниот брод ќе го најде своето мирно пристаниште.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но тие само така веруваа без да бидат убедени во остварливоста на целта...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа ме порази бидејќи пораката на Ема, јас бев убеден во тоа, беше јасна: моите скришни погледи кон нејзините колена додека ја претуравме муницијата, биле доловени од некој агол кој барем за миг ја скривал искрата за која обично стануваме свесни откако ќе пламне во оган што нè обзема и во кој влегуваме без да размислуваме за крајната цел и за смислата на таквиот чекор.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Убедена во точноста на формулата, македонската влада во 2007 година еуфорично го најави отпочнувањето на новата кампања за привлекување странски инвестиции под карактеристичен наслов: „Инвестирајте во Македонија – нов бизнис рај во Европа.“
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Карл беше убеден во тоа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Беше убедена во тоа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа е непогрешива, убедена во победа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Таа знаеше, беше длабоко убедена во тоа, дека Татко се внесуваше во некаква виша стратегиска цел од интерес за семејството во тие пресвртни времиња.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Убав е начинот на кој ме убедуваш дека се ќе биде во ред, дури и кога сам не си убеден во тоа.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Вистинската уметност изникнува,тоа одамна се знае, со прецизноста на секој потег, за која, а тоа ми стануваше сè појасно, немам доволно време (подвлечено три пати!) - пријателите, дури и кога сум најжестоко убеден во тоа што им го кажувам, сè помалку ме слушаат, па имам впечаток дека им зборувам на глуви и дека е крајно време да почнам да ги запишувам речениците за да не се трошат залудно, но и покрај тоа, и натаму постојано дрдорам или си дрдорам, а речиси ништо не запишувам - во разговор со Мики, еден од тие оглувени пријатели од детството, не можев да се сетам како се викаше оној јужен ветар од Водно што им ги креваше фустаните на жените.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Можеби, според годините на производство, нетрпеливоста меѓу овие два часовника беше остаток од Студената војна.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но и самиот не бил убеден во можноста тоа да се оствари.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Еванс, исто така, се осврнува и на можноста на употреба на сила од страна на Македонците за добивање автономија или независност.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Нема никој, - ѝ одговорив јас, ама не бев сосем убеден во тоа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Пелагија дури откако му ја откри намерата на Димостена, а цврсто беше убедена во тоа, ја набрка и тежината од своето срце.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)