уверен (прид.) - во (предл.)

Тоа, тие камени блокови, Чанга ги гледаше со сопствените очи и затоа беше уверен во историската вистина за Калето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Таа вечер седна на своето биро и долго пишуваше едно писмо.  Утрото тие зимски денови од новата 1944 година заедно со градоначалникот Карер, Хрисостом се појави пред двајцата највисоки германски претставници.  „Господа, инсистиравте да Ви се предаде список на Евреите”, изјави свечено владиката на беспрекорен германски.  За таа прилика тој околу вратот обеси крст и две панагии, две овални икони на златни ланци на кои беше претставен ликот на Христос Спасителот и на Богородица со малиот богочовек во рацете.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Хрисостом го бодреше дека во зафатот ја имаат поткрепата на сите Закинтјани, иако понекогаш ни самиот не беше сосем уверен во тоа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но иако сосем уверен во тоа и сега, нешто го тера пак да провери, да види да не пресилил во моментот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Отсекогаш бев уверен во тоа она што ни се случува нам дека им се случува и на нештата околу нас: книга со книга, флејта со флејта и врата со врата дека си разговараат меѓу себе, си шепотат, се разбираат и убаво се сеќаваат на сè што одминало...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ја сум уверен во тоа, дека ако сум во состојба да го сметам и компјутирам светот, тогаш можам да произведувам и алтернативни светови.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тој беше, повеќе утописки, а за некои дури и наивно, уверен во постоењето на некаков последен ментален мост кој ги поврзува двете страни, со цел да ги помири разликите помеѓу нив.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Но, сепак, најлошо по ова мое несреќно сведочење е тоа што јас, иако сум уверен во тоа што го видов, во никој случај не би решил да прифатам да бидам сведок.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Може, уверен во својата праведност, хранел надеж дека ќе го смилостиви бога да го земе во заштита неговото семејство, може оти верувал дека ќе окае некој грев, во незнаење сторен, па тогашните жители на Потковицата две недели пред злосторот и цела година потоа, и по бел ден и среде ноќ, ги слушаа неговите лелеци, неговите клетви и молитви.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За нејзината одлука дознав неодамна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Очигледно беше дека одамна го донела решението и дека самата е уверена во добриот избор.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Дали ќе можам да се просветлам? –праша, уверен во моќта на мудрите мисли на старецот, срамејќи се да праша кога ќе јадат, додека цревата го издаваа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Уверен во лошите зборови, длабоко е убеден во печатот на својата судбина.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Вреќата навистина е празна! – си рече, уверен во кажувањето на старецот. – Празна ќе си ја приберам, нема да тежи! Многу сум ти благодарен!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
„Не разбирам што точно сакаш да кажеш.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Немаш страв. Ти своето мислење за непостоењето на бесмртноста го кажуваш со таква рамнодушност, како да си потполно уверен во својата бесмртност.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но чувствуваше дека и самиот не е уверен во тоа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сега, сè повеќе мислеше, беше уверен во тоа, дека Карл ќе биде негов единствен наследник. ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Б.С. го говореше она што го видел.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Беше подзастаната. Оставаше впечаток дека всушност си ги набројува тие свои предности, а јас, уверен во ваквите нејзини размисли, всушност само ѝ помагав во разлиструвањето на тој нејзин тефтер.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мојот пријател Б.С. ве опиша во сите поединости - му реков на доктор Пачев длабоко уверен во она што го кажувам, а и овие мои зборови ја поттикнаа во мене увереноста дека Б.С. не измислувал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Потоа додаде дека при она кратко познанство таа останала со впечаток дека не сум трчел по допадливоста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури ми се пристори дека Јана спомнува како била уверена во мојата простосрдечност, но веднаш побрза да се исправи: “Мислев на неговата искреност”.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми помагаше лицето на Катерина. Навистина си вообразував дека нејзино лице е читлива книга!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Луман замина нагоре спокоен и сега веќе сосем уверен во пријателството на Бошка.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Исто така, во овој период, Министерствата за надворешни работи на Велика Британија и на САД испратиле заеднички демарш до Белград и остро се заканиле дека доколку Кралството Југославија пристапи кон пактот, по победата, Југославија ќе биде раздробена.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Овие разговори се совпаднале и со упатената порака од британскиот премиер Винстон Черчил до претседателот на Владата, Драгиша Цветковиќ, во која се нагласувало дека Черчил е уверен во конечниот пораз на силите на Оската, а исто така дека и распаѓањето на Кралството Југославија ќе биде неминовно доколку тоа тргне по патот на Романија и Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)