фрлен (прид.) - во (предл.)

Чешкиот уметник Петр Стембера на раката си истетовира ружа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Пинончели (Pinoncelli) во Неапол 1974 г. беше фрлен в море во зашиена вреќа со тегови, а во еден свој друг проект тој нападна банка 20 okno.mk вооружан со скратена пушка наполнета со маневарска муниција.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Татјана беше речиси фрлена во една болничка соба во која немаше светло.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Го препознав нејзиното пригушено плачење и така ја пронајдов во мрачната соба.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Со уловувања на мигот, на таа светлинска мрежа фрлена во разбрануваното море на времињата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сето она што на чесниот Германец му е свето, овде мора, се разбира, да биде фрлено во кал.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Потоа заборавам речиси на сѐ, бидејќи таа “внатрешна” принуденост завладеала со мене, ме покорила. 38 Margina #11-12 [1994] | okno.mk 4Ја споменувате внатрешната принуденост.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сѐ што дотогаш сум напишал за секунда станува поништено, или, поточно, како да е фрлено в море. 4Како се раѓа идејата за некоја книга или статија? 4Еден вид на животински инстинкт тежнее кон присвојување на нешто што секо­гаш, секогаш доаѓа од некој надворешен предизвик.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
По краиштата на подиумот, на трите страни без ѕидот со каминот, крена миндери во козина колку за дузина гости, а на средето положи ниска софра од родната куќа, веќе фрлена во неупотребливи предмети, а сега светната со фирнајс, колку за да ја покаже староста, толку и трајноста на дрвото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Извитканите фотографии на кои стоиме заедно со дедовците на брегот, Крстот од своето дрво на полицата, Заклучените долапчиња во гостинската одаја, ’Рѓосаниот меч фрлен во градината, Мистрија на мајсторот, Големите бајраци што ги оддиплуваа на свадбите, Огновите летна ноќ в планина, Шкрипењето на портите рано во сонот, Третото венчавање на старецот од соседната улица, Првата прелага на вереничкиот прстен, Пладнето кога заминуваа некаде војските, Сѐ, сѐ некако одеднаш исчезна,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сите други беа отепани, одрани и фрлени во таа дупката кулачка.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Со стегнато срце и со мислата вратена кон тоа крваво време и кон овие момчиња и моми кои заборавени почиваат зад оваа `рѓосана бодликава жица, што е како единствено споменично обележје, еден по еден, низ оградата нежно ги спуштаме свежите каранфили, а потоа ја раскопуваме земјата, ја собираме купче и во него набодуваме свеќи и, клечејќи, ги запалуваме... да има малку светлина за душите на тие кои се фрлени во бездната на заборавот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кон почетокот на март 1903 година било готово сè филијалата на Отоманската банка во Солун да биде фрлена во воздух.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Карактеристичен бил случајот со една тенекија фрлена во реката Драгор.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сметката што си ја направил Кирков била проста: само четворица гемиџии со по една бомба фрлена во поворката што го придружувала телото на убиениот конзул на Европа и на Турција можеле да им направат далеку поголема штета отколку минирањето на Банката и другите динамитни акции.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Сакана, единствена Кате, Кога ќе го читаш моево писмо, мене веќе нема да ме има - јас ќе бидам труп, или веќе фрлен во некоја дупка како претепано куче.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Доктор Гете секоја прва сабота во месецот ни држеше предавања во големата сала на Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога низ Гнездо ќе се раширеа пеколните крикови, кога тие крикови се хранеа едни со други, се бодреа, се потсилуваа, мене ми се чинеше дека сме фрлени во некаков непознат, страотен свет, во кој сепак сме заштитени со ѕидовите на нашата соба; понекогаш, кога низ Гнездо ќе се раширеа пеколните крикови, кога тие крикови се хранеа едни со други, се бодреа, се потсилуваа, Клара кажуваше: “Оваа наша соба е како матка.” .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ако некогаш патот ве нанесе на местото кај што вишнеел храмот - Кула, допрете го увото до земјата за да ги чуете болните и покајни гласови на фрлените во длапката, за да ве намовнат нивните пискоти, молитви и риданија, нивните подземни страданија и окајанија.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мажи и жени, врзани и фрлени в зандани, во Ерусалим, во светиот град.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Петка Римјанка... фрлена во котел со масло и катран, избега Параскева од лошо, но Антониј Пиј ослепе по молба на Параскева прогледа, па остави Христијаните ги остави да не ги гони...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
- Не знам кој го мердал и кој го дерел, рекол зимурлавиот Гавруш Пребонд.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Но мантијата му е фрлена во манастирскион олтар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ене го - се витка пред заглушениот тапан, мафта со полно шише, ги задавува сурлите со сребрени банки фрлени во нивното грло.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повторно имаше бесни демонстрации, фигурите со ликот на Голдштајн беа спалувани, стотици постери на евразискиот војник беа искинати и фрлени во пламенот, а голем број продавници беа ограбени во безредието; тогаш се прошири глас дека шпиони управувааат со бомбите, со помош на радио бранови, и толпата ја запали куќата на една постара брачна двојка за која се сомневаше дека е од странско потекло, па двајцата умреа од задушување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
5.6 Јас сум камен фрлен Во утробата на земјата И во утробата на морето.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа беше традицијата на Диркем, Вебер и Зимел кои токму настојуваа да ја разберат положбата на луѓето фрлени во урбаното друштво.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И тоа е она што социологијата, без оглед на тоа што ќе остане од неа, пак ќе го прави.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Однегувано заминување Страв пред липата, коцка Фрлена во празно На час по читање Колеблив чекор Повик на пештера, зло Што раѓа љубов Во занесот на стареењето Обединување со посевот Зрело жито, жолтици Во грне што крцка Од зборови ровови
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Стоеше така со погледот како фрлен во пустина и веќе помислуваше да ја батали оваа работа коа, зад себе, од левата страна, чу женски глас како му вели: „Ви треба помош?“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од каде тој Прст вперен угоре кон соблазнително белото, блазирано, непроѕирно небо, фрлено во вселената небаре пелена?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Уште само три дена, и тој, што се мислеше заштитен, што сиот свој живот го истроши да се обезбеди од суровоста, ќе биде фрлен во самиот вител на злото.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Не постои okno.mk | Margina #10 [1995] 75 опстојувачка diffѐrance - таа е метафорички сфатена како “онаа неограничена шаховска табла на која Битието е фрлено во игра.”
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сите сме фрлени во овој несовршен, енигматски, интригантен свет, без каење тргнуваме во потрага на судбината, без никој да не праша дали сакаме да бидеме дел од непознато патешествие наречено живот чии крај е смртта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Има и Вевчанска река. Таа ги собира сите нечистотии фрлени во неа од селата Враништа, Велешта, Дабовјани, секако и од Вевчани - и сето тоа го носи право во Дрим.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тоа е сидро фрлено во експрес-лонец.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)