централен (прид.) - поим (имн.)

Се разбира, ова се некои од централните поими на Западната метафизика.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа е, впрочем, и еден од централните поими околу кои се води дебатата на двајцата префинети интелектуалци, и двајцата претставници на една аристократија на духот која ги проживеала сите страдања на интелектуалниот хомо балканикус: Таткото е во постојан егзил (и лингвистички и географски, меѓу Цариград, Поградец и Скопје), а Климент Камилски е интелектуалец од највисок ков, шпански борец против фашизмот кој во сопствената држава е фрлен на Голи Оток!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој е во егзил и дома, бидејќи неговата докторска дисертација за педагогијата и развојот на детето, одбранета на Сорбона, е забранета во неговата сопствена држава!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дерида не ги посочува експлицитно нив; примерите што ги наведува се нешто како суштина, битие, И особено, свест.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Подоцна доаѓаат автори како Ричард Грегори (Richard Gregory), Доналд Меккеј (Donald MacKay) и Марвин Мински (Marvin Minsky) кои го надградуваат овој концепт за интерен модел на светот, првин во кибернетичката традиција за потоа да го развијат поимот за репрезентација, централен поим за денешната работа во ВИ.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Дали Дерида има право да ја согледува целата Западна метафизика во светлината на философијата на јазикот е едно интересно прашање што овде нема да го разгледуваме. 2. ...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)