црн (прид.) - на (предл.)

Еве црно на бело, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Големиот бран брзо се движеше, создавајќи бел тунел, наспроти црниот на Еразмовите очи, во кои вџашено се ширеа црните зеници.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Змијо без везило, змијо без оган, црна на патот, сама и црна на каменот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И, како по правило, на стотина метри од главната плажа, детето ќе го свртеше својот коњ во морето и набргу меѓу брановите ќе можеа да се видат само две глави: црната на детето и белата на неговиот коњ.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Низ него го гледаше обзорувањето и зајдувањето на денот - тоа вечно намотување бело клопче на црно, црно на бело, како што му велеше баба му; го гледаше езерото кога беше мирно и кога се преливаше во севозможни бои како бесценет камен, го гледаше кога рикаше и бучеше како ѕверки да му се бијат во утробата, го гледаше виножитото што со едниот крај се спушташе во него заслепувајќи ги очите со прекрасни бои; го сгедаше езерото кога надојдуваше и од брегот поземаше сѐ што останало на песокта:
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)