школуван (прид.) - во (предл.)

Убеден сум дека за мошне кратко време, освен тенкиот слој на македонската интелигенција школувана во бугарските училишта, народот ќе го отфрли бугарскиот јазик и ќе го прифати македонскиот, односно мајчиниот, бидејќи ќе нема потреба да го учи, како што со мака го прави тоа со бугарскиот јазик.”
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Новатадржава ја имаше мудроста, или пак тоа беше натурено од повисоки инстанции, во создавањето на своите институции да се послужи со умот на малкумината школувани во европските метрополи, или во балканските големи градови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ни крив, ни должен, како и многу други врвни албански интелектуалци, школувани во разни европски центри, ќе се најдат на нишан на албанскиот репресивен сталинистички апарат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)